Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


mxu300r
MXU 300 R
down_town_350
DOWNTOWN 350
Повеќе.....
3god150000garancija

KYMCO

KYMCO е формиран далечната 1963 година со капитал од 10 милиони долари од страна на Јапонската HONDA.

Денес KYMCO е еден од најголемите светски производители на скутери , АТВ возила и моторцикли и има произведено над 7.000.000 парчиња. KYMCO ги задоволува најстрогите стандарди за квалитет и е добитник на преку 30 меѓународни награди меѓу кои и  строгиот јапонски JIPM и TPM сертификати за врвен кваилтет на производите како и ISO 13485,ISO 9000 И ISO 9001 сертификати за беспрекорен дизајн на производите. Денес многу реномирани производители на скутери и моторцикли ги вградуваат напредните и издржливите агрегати на KYMCO.

Во 2006 година од страна на Тајванската влада ја добива наградата “GOLDEN TRADE AWARD 2006 “ како компанија со најголем придонес во извозот на оваа земја.

Денес KYMCO произведува возила во категорија од 50-700 ccm и има над 3.000 вработени. Свои претставништва има на сите континети и над 100 земји во светот. Самиот слоган на KYMCO , “Better than Best” или во превод Подобар од  најдобрите ни ја  прикажува целта што ја има  зацртано оваа реномирана марка.

KYMCO на нашиот пазар преку фирмата НОВ МОДЕЛ од Куманово е присутен од 1998 година. Денеска постои сервисно дилерска мрежа низ целата земја и е покриен скоро секој град низ државата. Скоро во сите продажни места е обезбеден сервис и резервни делови за сите модели од програмата на KYMCO.

За вложените пари ќе добиете најдобар квалитет, врвна услуга како и најголема гаранција што некогаш е дадена на овие простори за ваков тип на возила.

Сите модели од програмата на KYMCO имаат гаранција од 2 години или неограничен број километри.